Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана

20250501094449 big 730x400 33.webp.webp

По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува честитка до сите вработени во Министерството за одбрана и сите воени и цивилни лица во Армијата. 

Честит 1 Мај — Меѓународниот ден на трудот!


Упатувам искрени честитки до сите вработени во Министерството за одбрана и сите припадници на Армијата, воени и цивилни лица. Вашиот труд, професионализам и посветеност кон службата во Армијата и работата во Министерството се темел за успехот и развојот на нашата институција. Вашата одговорност, иницијатива и секојдневен ангажман се препознаваат и високо се ценат.

Како министер и човек останувам посветен на унапредување на условите за работа, почитување и вреднување на правата и можностите за професионален развој. Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана. Со отворен дијалог и заедничка посветеност со Синдикатите, продолжуваме да ја унапредуваме положбата на секој еден вработен во одбраната и припадник на македонската Армија.

Можете да прочитате

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор