Утрински Весник
Македонија

Хуманитарен базар „Мали раце – Големи дела“ посветен на настраданите во Кочани во општина Гази Баба

Image 228066.jpeg

Вчера во општина Гази Баба се одржа хуманитарен базар “Мали раце – Големи дела” во организација на Општинското основно училиште Крсте Мисирков од Ченто со цел собирање на средства за помош на настраданите во несреќата во Кочани.

„Среќен сум и посебно горд на големиот број граѓани кои земаа учество на овој настан. Гази Баба уште еднаш на дело ја докажа својата хуманост и солидарност. Секогаш кога и да било потребно, ние ја подаваме нашата рака и помагаме! Изразувам благодарност до директорката на Општинското основно училиште Крсте Мисирков Билјана Трајановска, како и до сите вработени кои земаа учество во реализацијата на овој настан. Посебна благодарност до учениците и родителите без кои немаше да успее денешната организација“, напиша градоначалникот Бобан Стефковски на социјалните мрежи.


Можете да прочитате

Мицкоски: Јас не знам дека марихуаната фатена во Србија излегла од Македонија

СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците 

Приведен 65-годишен маж од Свети Николе по семејна расправија и закани