Утрински Весник
Македонија

Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло

Vreme 1 3.webp.webp

Времето утрово ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.


Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Можете да прочитате

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија

Измерени само 4 степени, исклучително свежо утро во Македонија