Утрински Весник
Свет

Зеленски ја поздравува „ликвидацијата“ на високи руски воени лица

Zelenski Epa.jpg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали службата за надворешно разузнавање на земјата за „елиминацијата“ на високо рангиран руски воен персонал за време на повеќе од тригодишната целосна руска инвазија на Украина.

Во коментар на социјалната мрежа Телеграм, Зеленски не спомена конкретни примери, но според медиумите „тој индиректно се осврнал на убиството минатата недела во близина на Москва на рускиот офицер Јарослав Москалик“.


„Шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина (Олег Ивашченко) извести за ликвидацијата на лица од високата команда на руските вооружени сили. Правдата неизбежно ќе победи“, рече Зеленски.

-Шефот извести за понатамошните мерки за справување со руската агентска мрежа во Украина и саботерите. Резултатите се добри. Ви благодарам за вашата работа, додаде претседателот.

Кремљ ја обвини Украина дека стои зад експлозијата во петокот во која беше убиен Москалик – најновиот руски офицер убиен од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Властите во Киев не коментираа директно за нападот.

Руските воени блогери го опишуваат 59-годишниот Москалик како „ѕвезда во подем“ кој учествувал во високо ниво на руски делегации кои се сретнале со западни претставници во врска со преговорите за мирно решавање на војната во Украина.

Во текот на викендот, московски суд нареди притвор на украински државјанин обвинет за тероризам во врска со нападот.

Украинската разузнавачка служба СБУ минатиот декември соопшти дека го убила генерал-потполковник Игор Кирилов, висок руски генерал обвинет од Украина за употреба на хемиско оружје против украинските трупи.

Можете да прочитате

На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ заедницата e забрането

Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Трамп: Јас ја водам Америка, но и светот