Утрински Весник
Македонија

ЕДРМ организира сесија на Националната конвенција за ЕУ посветена на борба со корупцијата

20250427144527 big 730x400 90.webp.webp

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на петтата сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавја 5 – јавни набавки, 18 – статистика, 32 – финансиска контрола) во организација на Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ).

Тема на настанот е „Борба против корупцијата преку транспарентност и отчетност: Препораки и можности во Република Северна Македонија низ перспективата на европските практики“.


-Сесијата ќе биде одлична можност за отворен и продуктивен дијалог, како и за размена на искуства и предлози за унапредување на антикорупциските политики и практики во национален и европски контекст. Некои од клучните прашања за дискусија ќе бидат како да се овозможи поефективен пристап до информации и јавно достапни податоци за да се идентификуваат и спречат коруптивни практики, како да се вклучи приватниот сектор во сеопфатен антикорупциски механизам и кои се новите иницијативи на Европската Унија што треба да ги следат земјите членки и земјите со кандидатски статус. За овие клучни прашања во борбата против корупцијата ќе дебатираат претставници на институциите и на граѓанските организации, како и меѓународни експерти, по воведното обраќање на директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски, соопшти ЕДРМ. 

Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е реализиран од страна на Европското движење во Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Можете да прочитате

ДКСК уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институцијата

Обвинителството докажува дека Палевски и во минатото не ги почитувал законите, а тој обвинува дека го местеле за подготовка на атентат врз Заев

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо