Утрински Весник
Свет

Стотици илјади млади луѓе се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да го посетат гробот на папата Франциск

4689caf238616c877aee3a2d88fd4a2260094abb 7123e06d.jpeg

Стотици илјади млади луѓе се собраа денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, еден ден по погребот на папата Франциск, на уште една церемонија одржана во текот на вториот од деветте официјални дена на жалост за Римокатоличката црква.

По вчерашниот ден кога на погребот присуствуваа светски лидери, денеска огромниот плоштад и околните улици беа исполнети, според италијанската полиција, од претежно од млади луѓе – околу 200.000 , објави Ројтерс.


ADVERTISING

Посетителите уште рано утрото чекаа во редици, многу пред да се отвори базиликата во 7 часот и црквата брзо се наполни по отворањето на вратите. Властите ги повикаа луѓето да заминат веднаш штом ќе ја видат гробницата, бидејќи илјадници други чекаат надвор за да влезат.

Тие му оддадоа почит на папата Франциск, кој почина на 21 април на 89-годишна возраст, по 12 години водење на Римокатоличката црква, која има 1,4 милијарди верници.

Можете да прочитате

Военото присуство на Пјонгјанг во Русија мора да се запре

Шестмина повредени во напад со нож во средно училиште во Јужна Кореја

Рубио тврди: Американските деца не се депортирани, нивните мајки се