Утрински Весник
Македонија

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

20250426130757 big 730x400 90.webp.webp

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше донесена од храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а поздравно слово одржа Епископот Стобиски Јаков.


– Излишни се сите зборови во оваа светла седмица, којашто ние ја сметаме како еден ден кој не завршува и тоа не е било каков ден, туку осмиот невечерен ден, ден којшто нема да дочека ден, кој секогаш ќе биде осветлуван од светлината на Христовото воскресение. Со Христос воскресе ние кажуваме се што имаме да кажеме. Тој восклик е експресија на сите наши очекувања, на сите наши надежи, смисла на нашето постоење, на нашиот живот, оти ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера и ние ќе бевме едни од најбедните луѓе на овој свет, рече Епископот Стобиски Јаков.

На Литијата и претходеше богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. По завршувањето на молебенот Иконата беше однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде е оставена за поклонение на верниците.

Пред осум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск – оствари кратка средба со Доналд Трамп

Таравари се сретна и му се заблагодари на својот турски колега: Добрите пријатели се гледаат во тешки денови

Филипче: Министерот Тошковски нема контрола врз безбедноста во државата