Утрински Весник
Македонија

Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес, билатерализацијата ризик за сите

20250425221433 big 730x400 27.webp.webp

Владата е посветена на одблокирање на евроинтеграцискиот пат, но порачува дека таа посветеност треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на која било влада во оваа држава по однос на национални прашања. Опозицијата пак смета дека евроинтеграцискиот пат на земјава е целосно заглавен, поради, немањето иницијатива од страна на владеачката коалиција за спроведување на уставните измени.

-Имаме дијалог и комуникација со Софија и тоа нема да дозволиме да застане бидејќи доколку, изостане иницијативноста и дијалогот од наша страна, тогаш ние ќе бидеме и соучесници во еден процес на закочување на европската интеграција што е спротивставеност со целта на државата, а тоа е што побрзо да ги откочиме преговорите. Нашата посветеност кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на било која влада во оваа држава по однос на национални прашања, изјави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во одговор на новинарски прашања вчера на прес-конференцијата со неговиот црногорски колега Ервин Ибрахимовиќ


Во однос на следна средба со неговиот бугарски колега Георг Георгиев рече дека по формирањето на политичката влада во Софија бил меѓу првите министри кој се јавил на неговиот колега а и лично ја иницирал средбата на Минхенската безбедносна конференција.

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да каж

-По солидарноста која ни ја покажа Бугарија во ситуацијата во Кочани, лично бев во Софија да изразам благодарност и спрема бугарската влада и спрема бугарскиот народ. Веќе подолг период работиме, за жал без позитивен фидбек од страна на Бугарија за организирање на заедничка средба помеѓу мене,  министерот за транспорт Николовски и министерката за финансии Димитриевска Кочовска заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел разјаснување на состојбите и иднината на Коридорот 8, бидејќи тоа за нас е стратешки значен проект којшто сакаме да се движи напред. За жал подолг период немаме позитивен одговор, но ќе продолжиме афирмативно да работиме на остварување и на таа средба, рече Муцунски.

Вели оти не сака да се создаде перцепција дека не бараме компромис, но како што посочи, „бараме компромис кој ќе биде рационален и којшто ќе ја обезбеди таа предвидливост за која што многу подолг период говориме, а за којшто сакам да верувам, нашата држава по сите оние национални отстапки ја заслужува таа предвидливост да ја добие“.

-Имаме комуникација, се среќаваме, имаме и комуникација која е потпомогната и од одредени земји членки и од институциите во Брисел. Ние го разбираме товарот односно потребата од изнаоѓање решение. Но решение кое што за неколку месеци повторно ќе не стави во истата ситуација, кое ќе значи дополнителни отстапки по однос на национални, идентитетски и историски прашања не сме подготвени да правиме, пред се, бидејќи премногу такви отстапки се направени во изминатите 30 години, а времето покажа дека по секоја таква отстапка ни се поставува нов предизвик повторно од истата природа. И работиме на убедување и на Софија и на институциите во Брисел и активно убедување на сите земји членки дека оваа билатерализација создава ризик за нас како држава, создава ризик за цел регион, бидејќи таа пракса гледаме почна да се повторува и по други примери и има најави дека ќе се повторува и по однос на евроинтеграцискиот пат и на некои други земји од регионот, а најмногу штети на кредибилитетот на ЕУ. Ние и требаме на ЕУ и ЕУ ни треба нам и заеднички треба отворено да зборуваме за овие теми, рече Муцунски повторувајќи го ставот на Владата и во гостување на ТВ Сител.

Посочи дека никогаш не ветиле оти овој пат ќе биде лесен, но ветиле дека пристапот ќе биде искрен и ќе ги стави на преден план македонските национални интереси.

-И не сме подготвени како Влада за компромис без никаква форма на институционална гаранција и предвидливост на патот напред и добра волја не само од наша стран, која сме подготвени да ја дадеме, но добра волја и од нашите соседи по однос на сите овие прашања за кои тие поставуваат грижи, вели Муцунски.

Во однос на барањето на новата германска Влада за реформи во ЕУ, шефот на дипломатијата вели дека на ова гледа како на реотварање на некои идеи кои постоеле и во последните години а се однесува на т.н фазна или постепена интеграција, но оценува дека тоа е мудар пристап кој државите ги подготвува за полесна интеграција и истовремено им дава пристап до процесот на одлучување во ЕУ, но без можност за гласање, за прашања како што е усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносната политика.

– Тоа се тие најави кои доаѓаат од новата владина коалиција во Берлин која е коалиција која ќе биде за проширувањето, има детално разбирање за состојбите во Западен Балкан, која разбира дека процесот на проширување за целиот регионот не е само економско, трговско прашањето, туку има и сериозни безбедносни импликации. Ги гледаме сите ризици кои ги има во БиХ, ги гледаме специфичните околности во Косово и во Србија. Ние како земја членка на НАТО сме подготвени да бидеме придонесувач кон регионаната безбедност, но покрај тоа најголем придонесувач кон регионалната безбедност може да биде и предвидлив пат напред кон ЕУ. И затоа овие најави треба да ги гледаме афирмативно и позитивно, Германија е и една од тие земји членки која го поддржува моделот на квалификувано гласање кога е во прашање проширувањето, вели Муцунски.

Во однос на поднесените 313 амандмани на нацрт извештајот на известувачот на ЕП за земјава, Томас Вајц, рече дека Европарламентот е традиционален поддржувач на процесот на проширување и оти не очекува промени во тој дел.

-Не е првпат да има волкав број на амандмани, тоа е природата на демократијата, на крајот тоа е легислативно тело каде што се случуваат такви процеси, но нашето очекување и нашата желба, е да бидат прифатени оние амандмани коишто соодвевствуваат со реалноста како политичка така и правната реалност, рече Муцунски.

Нагласи дека е во комуникација на дневна основа со министрите за надворешни работи на ЕУ и оти се работи на повеќе иницијативи што се насочени на откочување на нашиот евроинтеграциски процес.

Во посета на Собранието денеска ќе престојува Ервин Ибрахимовиќ, потпретседател на Владата на Црна Гора за меѓународни односи и министер за надворешни работи.

Црногорскиот министер за надворешни работи Ервин  Ибрахимовиќ вчера на заедничката прес-конференција во Скопје со Муцунски истакна дека Подгорица си зацрта цел да стане 28 држава во ЕУ до крајот на 2028 година и оти црногорското општество е единствено околу овој национален интерес. Тој нагласи дека на сите им е јасно дека секој ден изгубен на патот кон Брисел, е загуба, пред се, на оние држави кои сакаaт да се интегрираат во ЕУ, но губи и Унијата. 

-Денешни теми за политички случувања не предупредуваат не само нас на Западен Балкан, туку и сите дека на светот му е потребна силна и цврста обединета ЕУ. Не можеме да говориме за успешна европска приказна, доколку во неа не се државите од регионот, и доколку не сме сите единствени односно доколку немаме сите јасна цел, а целта е дека светот заслужува мир, стабилност и просперитет. Јасно е дека на Европа и се потребни државите од Западен Балкан, со оглед на геополитичките случувања ообено по руската агресија врз Украина, рече министерот Ибрахимовиќ.

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче вчера оцени дека евроинтеграцискиот пат на земјава е целосно заглавен, поради, како што рече, немањето иницијатива од страна на владејачката коалиција за спроведување на уставните измени.

Сите луѓе кои пристигнале во државава од критичните региони каде има заразени од коронавирусот да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, а тоа е доколку после патувањето во о

– Нема никаква иницијатива за уставни измени од страна на владејачката коалиција, за жал, целокупното нивно однесување став кон тоа прашање укажува на тоа дека нашиот евроинтегративен пат е целосно заглавен, би рекол, под знак прашање е ставена и иднината на земјата. Ова е еден навистина критичен период во којшто се случуваат многу геополитички поместувања, ставот на новата администрација на САД. Сметам дека освен што е многу битно да земјава продолжи да се развива и да се зајакнува да вистински се реформира што е можно само со продолжување на евроинтегративнит пат, доколку тоа не продолжи се отвораат и безбедносни ризици, рече Филипче на новинарско прашање  по заедничкиот увид со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во градежните активности за реконструкција на спортската сала Работнички во Градскиот парк.

Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот и економско заживување, најавува мандатарот на идната Влада Христијан Мицкоски, кој денеска од собраниската говор

Премиерот Христијан Мицкоски завчера одговарајќи на пратенички прашања во Соранието посочи дека околу договорот со Бугарија нема промена на ставот на Владата. Повтори дека непринципиелно е од другата страна на границата да се оспорува правото на македонското малцинство за регистрирање невладина организација, а да се бара бугарската заедница од оваа страна на границата да биде конститутивен народ во Уставот.

Можете да прочитате

Таравари се сретна и му се заблагодари на својот турски колега: Добрите пријатели се гледаат во тешки денови

Филипче: Министерот Тошковски нема контрола врз безбедноста во државата

Филипче: Сите можни инспекции вршат притисок врз градоначалниците на СДСМ