
Оваа жена, една година талкала по ходниците на Кардиологија за подоцна да биде откриено дека има пуломолошки проблем. Констатиран и бил канцер, по што битката ја продолжила на Онкологија. Сега, низ солзи во очите за Телма телевизија раскажува какво е нејзиното секојдневие.
„Цели денови по ходници, од сабајле до вечер. Со зрачење. Еве сега во моментот сум на зрачење каде што чекам по три до четири за зрачење од десет минути затоа што само еден апарат работи таму. Само едниот апарат, другиот не работи. Цела Македонија е дојдена во Онкологија. Во ходниците е страшно. Столици нема за сите, значи за дел од пациентите има столици . Седиме по плочките доле, се влечеме цело време со саати затоа што хемотерапиите ни се по 5/6 саати и ние мораме да чекаме“, вели пациент на Онкологија.
Сервисирање на апаратот е причината што ги наполни ходниците на Онкологија, се правдаат оттаму. Објаснуваат дека Клиниката има три апарати, но едниот е на сервис и тврдат дека проблемот наскоро ќе се реши. Но, пациентите алармираат и на недостиг на дел од терапијата.
„Во моментот се жалат дека ја нема имунотерапијата, сега дека ја нема имунотерапијата“, вели пациент на Онкологија.
Последните потписи треба да бидат ставени за наскоро да пристигнат потребните лекови, тврдат од Клиниката. Пациентите велат проблем е и недостигот на персонал.
„После завршување на сите третмани на Онкологија, после шест недели после последното зрачење треба да направите компјутер. Прво треба да закажете и да чекате два три месеци, а второ треба да ви го прочитаат резулатот па сигурно уште месец најмалку. Истото и на петскен. Не можете да дочекате до петскен и резултатот за да ви го прочитаат потребно е две три недели исто од петскен. Во тоа време може да се случат и метастази и смрт и се“, вели пациент на Онкологија.
Но, таа вели медициснките сестри и докторите и во вакви услови даваат се од себе.
„Сестрите се тука клучни, прават се од себе .Другите работи не се во ред, сестрите и персоналот се во ред“, вели пациент на Онкологија.
Секој ден е борба.
„Има денови кога се враќам од таму плачејќи со стресови, ама тоа е морам да го издржам сето ова“, вели пациент на Онкологија.
Симона Петровска за Телма