Утрински Весник
Скопје

Без вода утре дел од општина Карпош

Voda.webp.webp

Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Карпош, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект за дел од корисниците од булеварот „Илинден“, односно потегот од „Бледски договор“ до „Манапо“ и улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Огражден“, „Пелистерска“, „Струма“ и „Карпошево востание“.


Предвидено е корисниците да останат без вода од девет часот до завршување со работните активности.

Можете да прочитате

ГРОМ бара вонредна седница на Советот во Карпош

Најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хепенинг “The Distinguished Gentleman’s Ride – Skopje” во своето 11-то издание

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција