Утрински Весник
Македонија

Плитка фронтална долина во Македонија ни носи многу врнежи и невреме!

Meteoalarm.mk 32 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во нашата Република Македонија од денес (среда 23 април) па се до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.


Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ова апелирам на поголема внимателност.

И во Скопје и околината следува период на многу променливо време со повремен дожд. Во делови од колтината ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие до крајот на оваа работна недела  ќе бидат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме сега, а постепено опаѓање на истите ќе има за време на викендот.

За време на овој нестабилно – влажен период локално во нашата Република Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 35 литри дожд).

Можете да прочитате

Општина Велес од буџетот ќе издвои 500 илјади денари за настраданите во пожарот во Кочани

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Адвокатот на Палчо: За убиството на Вања и Панче постојат клучни разлики во доказите и изјавите на обвинителството