Утрински Весник
Македонија

Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Nikolovski E1741677923512.webp.webp

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.


Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.

Можете да прочитате

Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај

Палевски негира вина: „Ниту сум ја видел Вања, ниту сум бил кај Панче“

Вицепремиерот Николоски на средба со министерот за економија и извоз на Велика Британија, Герет Томас