Утрински Весник
Македонија

Објавен конкурс за изработка на идејно решение за лого на Собранието

Sobranie.webp.webp

Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба.

Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Меѓу другото, дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега, така што авторот треба да обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.


Секој учесник на конкурсот, се додава во соопштението,  има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието.

Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Граѓаните не треба да проверуваат дали дискотеките се безбедни, тоа е обврска на институциите

Малиш Саздовска: Посебните истражни мерки се неопходни за спречување тероризам и тежок криминал

Нема сериозни безбедносни закани за Македонија вели Малиш Саздовска и ја анализира состојбата