Утрински Весник
Македонија

Министерството за локална самоуправа со швајцарска поддршка набави ИТ опрема за Центрите за развој на планските региони

Ministerstvoto za lokalna samouprava so shvajczarska poddrshka nabavi it oprema za czentrite za razvoj na planskite regioni 1.jpg

Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри за развој на планските региони. Овој проект, поддржан од Владата на Швајцарија, претставува значајна инвестиција во подобрување на капацитетите на Центрите и нивната способност да обезбедат поефикасен и поквалитетен сервис за граѓаните.

Во Министерството за локална самоуправа, денеска симболично беше извршено примопредавање на опремата, при што директорите на Центрите едногласно истакнаа дека таа значително ќе им помогне во обезбедување на побрз и поефикасен пристап до информации, како и голема поддршка во напорите за одржлив развој во сите региони низ земјава.


Набавената опрема, која вклучува преносни и персонални компјутери, монитори, мултифункционални принтери и NAS системи е целосно приспособена на потребите на Центрите за развој на планските региони. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 1.295.500,00 МКД и ќе има директно позитивно влијание на работењето на овие институции.

Воспоставувањето на силни и добро опремени центри претставува основа за продолжен раст и развој, кој ќе ги подобри условите за живот на сите граѓани, а посебно на оние во помалку развиените региони.

Можете да прочитате

Крстевски поднесе кривични против угостители што работат не законски – Нема да дозволам да ни се случи „Пулс“ 2

Државата треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Сопругата на началникот на СВР Штип, била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ