Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: До крајот на неделава врнежи, грмежи и невреме!

Meteoalarm.mk 46.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на плиток циклон кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, во нашата Република Македонија, до самиот крај од оваа недела ќе имаме променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.


Во попладневните  и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на грмотевични облаци, или нестабилна конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во Скопскиот регион за време на овој период ќе има повремен дожд, кој во делови од котлината ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме.

До крајот на оваа недела локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд).

Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.

Што се однесува до температурите, тие  и во текот на оваа работна недела ќе бидат без поголеми промени и речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до близу или околу 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат  и до околу 30 степени. За време на викендот температурата ќе бележи тенденција на опаѓање.

Можете да прочитате

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Извршена исплата од 224.748.332 денара кон 7.826 лица за остварено производство на овошје

Претседателката ќе присуствува на погребот на Папата