Утрински Весник
Свет

Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал

Pentagon.jpg

Пентагон ги отфрли извештаите дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил доверливи информации во врска со плановите за воени напади против јеменските бунтовници Хути на апликацијата за пораки Сигнал, јави ДПА.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен објавија дека Хегсет споделил детали за нападот во март врз Хутите поддржани од Иран во групата „Сигнал“ во која биле неговата сопруга, брат и личен адвокат.


Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, ја отфрли веродостојноста на извештаите на медиумите, истакнувајќи дека тие се засновани на „поплаки од незадоволни поранешни вработени“.

Високиот советник на Хегсет, Ден Колдвел и уште двајца функционери на Пентагон беа ставени на административно отсуство – практично суспендирани и беше објавено дека тие се под истрага за протекување информации.

„Медиумите кои го мразат Доналд Трамп продолжуваат да бидат опседнати со идејата да го уништат секој кој е посветен на извршување на агендата на претседателот“, се наведува во изјавата на Парнел, цитирана од ДПА.

„Немаше доверливи информации во ниеден разговор на Сигнал, без оглед на тоа на колку начини се обидоа да ја напишат оваа приказна. Она што е точно е дека канцеларијата на секретарот за одбрана продолжува да станува посилна и поефикасна во спроведувањето на агендата на претседателот Трамп“, додаде Парнел.

Можете да прочитате

Во Шпанија прогласена тридневна жалост поради смртта на папата Франциск

Вака папата Франциск се молеше сам на дожд

Папата Франциск ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан