Утрински Весник
Економија

Димитриеска-Кочоска на пролетните средби на ММФ и Светска банка во САД

Gordana dimitrieska kocoska1.jpg

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе престојува во работна посета на САД.

Како што соопштија од Министерството за финансии, за време на престојот Димитриеска-Кочоска на покана на македонските здруженија во Чикаго ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора која живее и работи во овој дел од САД, а од 22 април ќе учествува на редовните пролетни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.


Во рамки на пролетните средби, кои се одржуваат во Вашингтон, таа ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, на Светската банка, со претставници на Трезорот на САД, како и со повеќе меѓународни финансиски институции.

„На состаноците ќе бидат претставени мерките и политиките на Владата за одржување на макроекономскатa стабилност и реформски процеси за унапредување на управувањето со јавните финансии“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Можете да прочитате

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7 отсто во споредба со лани

ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки