
„На последната прес-конференција, Главниот обвинител се повика на меѓународни примери – Романија, Бразил и САД – за да ја оправда својата одлука да воведе долгорочна каузалност и да отвори обвиненија против луѓе кои немале допирна точка со трагедијата во последните 15 години. Но, вистината што медиумите ја открија е сосема спротивна: во сите тие случаи одговорноста ја сносеа само директно инволвираните – најчесто три до пет лица – без да се отвораат процеси против поранешни функционери, без обиди за историски ревизии на вина. Овој случај станува sui generis пример за правна импровизација, воден не од закон, туку од желба за аплауз“ соопштија денеска од ДУИ.
Од опозициската партија со став „Наместо да ја води истрагата низ призмата на правдата, обвинителството ја поставува низ призмата на популизмот и спасување на Владата. Целата академска и правна фела гласно алармира: овој пристап е антиуставен, спротивен на праксата и анти професионален“.
„Претворањето на трагедијата во алатка за лична или институционална промоција е опасна девијација која може да има несогледливи последици. Затоа, повторно апелираме:
Обвинителството мора веднаш да го прекине трансакцискиот однос со Владата. Правото не се практикува по нарачка. Кариерите на политичарите и обвинителите не смее да се градат врз туѓа трагедија. Одговорноста за ваквиот пристап – и за сè што може да се случи со неправедно притворените – ќе падне на конкретни имиња“ велат од ДУИ.