Утрински Весник
Скопје

МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Kon.png

Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.

По сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврди возачот на возилото, при што со него е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чиј насоки ќе биде изготвено Известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно постапување.


Можете да прочитате

ЦУК: Состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, погодени над 30 домаќинства

Меџити: Во Чаир го прошируваме системот на подземни контејнери кон нов урбан стандард

Пожар во Кисела Вода – 24info.mk