Утрински Весник
Македонија

Водата во Дебар небезбедна за пиење

Voda.webp.webp

 Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, ги известува корисниците на вода за пиење дека може да ја користат  само со претходно нејзино превривање.

-Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење на водата до следното известување, стои во известувањето објавено доцна попладнево.


Причина за тоа е технички дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата нема да биде хлорирана до отстранување на дефектот.

Во понеделникот во градот, во периодот од 9 до 19 часот, имаше прекин во водоснабдувањето, поради изведување зафат врз главниот вентил во градскиот резервоар, а во исто време и негово генерално чистење.  И во следните два дена имаше неколкучасовни прекини во водоснабдувањето. 

Можете да прочитате

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен” закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

Дали Владата го копира албанското сценарио: Се турка ли државен монопол врз игрите на среќа?

СДСМ: 15 дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски