Утрински Весник
Свет

Шведска и Финска заеднички ќе евакуираат цивили во случај на војна

2ddd8ed5 3cc7 4a87 b87a d1757d119204.jpg

Шведска и Финска ја продлабочуваат соработката во одбраната. Имено, во случај на војна, земјите треба да си помагаат едни на други во масовната евакуација на цивилите, пишува шведскиот „Афтонбладет“.

„Оваа мисија значително ќе ги зголеми капацитетите“, рече Карл-Оскар Болин, министер за цивилна заштита на Шведска.


Владата го задолжи Министерството за цивилна заштита на Финска да изготви план за голема прекугранична евакуација во случај на војна или криза. Мисијата е дел од обврските на Шведска во рамките на членството во НАТО.

Според „Афтонбладет“, ќе се разгледа снабдувањето со материјали во рамките на службите за итни случаи и цивилната заштита.

„Заштитата на цивилното население за време на состојба на зголемена готовност и во екстремни воени околности е важна задача на цивилната заштита. Доколку се случи најлошото, Шведска и Финска треба да ги имаат сите средства на располагање за да ги одбранат своите земји и да го заштитат цивилното население. Оваа мисија значително ќе ги зголеми нашите капацитети во овој поглед“, рече Болин.

Можете да прочитате

Научниците пронајдоа клучни индиции на гробот на Исус

Благодатниот оган и оваа година се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

Силен земјотрес ја стресе Јапонија