Утрински Весник
Македонија

Герасимовски и Перински на работна средба во Центар

Whatsapp image 2025 04 16 at 11.41.10.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска беше домаќин на министерот за локална самоуправа Златко Перински кадешто одржаа работна средба со членовите на општинскиот Совет.

На заедничката средба, градоначалникот Герасимовски го информираше министерот Перински за сите проекти што се имплементираат за развој на Центар.


„Разговаравме за сите тековни проекти што ги имплементираме од општинскиот, но и од државниот буџет. Реконструкцијата на спортската сала Работнички се одвива континуирано, ја завршивме првата фаза и ја отпочнуваме втората фаза. Со поддршка од државата после 50 години го враќаме симболот на Центар, добиваме нова и модерна спортска сала. Министерот го информирав за проблемот со хигиената во Центар кадешто надлежност има Град Скопје. Исто така дискутиравме и за планираните измени на Законот за локална самоуправа со цел зголемување на отчетноста на градоначалниците и транспарентноста на општините”, рече Герасимовски.

Посетата беше реализирана во рамки на иницијативата на Министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома”.

Можете да прочитате

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат дирeктно одговорните за трагедијата

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација