Утрински Весник
Македонија

Првомајскиот протест на ССМ: Повторно барање за зголемување на минималната плата

487439877 1077479627755168 7037118512106237020 n.jpg

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави дека на Првомајскиот протест ќе продолжи да ја бара зголемената минимална плата на 500 евра, како и покачување на останатите плати за 100 евра. Покрај тоа, ССМ бара и зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти во согласност со Општиот колективен договор.

Во својата денешна објава, ССМ истакна дека додека креаторите на политиките во државата се фокусирани на зачувување на нивните енормно покачени плати, работниците во јавниот сектор се соочуваат со неприфатливи услови. Според синдикатот, многу работници не добиле усогласување на нивните плати со порастот на просечната плата, што беше предвидено со Општиот колективен договор.


“Работниците во Македонија денеска се соочуваат со сè поголем притисок за егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Сега е време да го покажеме работничкото незадоволство,” изјави ССМ, повикувајќи на голем работнички протест на 1 Мај. Протестот ќе започне во 11 часот од Работничкиот дом во Скопје, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Минималната плата беше зголемена за 1.800 денари и сега изнесува околу 24.400 денари. Од Владата, пак, изјавуваат дека зголемувањето на минималната плата е во согласност со Законот за минимална плата, но ССМ го оспорува донесувањето на ваквата одлука, тврдејќи дека не е помината преку Економско-социјалниот совет, кој не одржал седница поради чекање одлука од Комисијата за репрезентативност.

Можете да прочитате

СДСМ: Лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект за кој велеа дека е „историски кримнал”

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

ВРЕДИ: Пропадна планот на Ахмети и Османи за дестабилизација преку Уставниот суд