Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Вложуваме во проекти што го градат културниот идентитет на Центар

Gerasimovski.webp.webp

Стручната комисија на Општина Центар ги избра најквалитетните културни проекти што ќе добијат финансиска поддршка за 2025 година, преку Конкурсот за култура.

Поддржани се проекти од различни области: визуелна и изведувачка уметност, музика, литература, театар, филм, како и програми за деца, млади и ранливи групи.


„Продолжуваме со континуирана поддршка на креативни и значајни културни иницијативи, бидејќи веруваме дека културата е срцето и препознатлив белег на нашата општина. Кога ја презедов функцијата, буџетот за култура изнесуваше 3 милиони денари, за 2025 година тој е зголемен на 13 милиони денари,” истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Целта на конкурсот е да се поттикне креативноста во општината, да се збогати културниот живот и да се создадат подобри услови за уметниците, културните работници и здруженијата. Со оваа поддршка се овозможува реализација на нови културни содржини кои придонесуваат за поактивна и покреативна заедница.

Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар https://www.centar.gov.mk/?p=24990

Можете да прочитате

Без струја денес делови од една скопска населба

Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден

Изгубен е Драган Јовевски од Скопје веројатно во Аеродром – последен пат виден во Сопиште