Утрински Весник
Македонија

Бугарија подготвена за договор со Македонија за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

484531336 1207898624025295 8859706607256581621 n.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, изјави дека Софија е целосно подготвена да потпише договор со Скопје и да започне со изградба на прекуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, кој се смета за стратешка врска меѓу Црното и Јадранското Море.

„Очекуваме одговор и коментари од Скопје за предложениот договор. Доколку нема забелешки, подготвени сме веднаш да го потпишеме и да почнеме со работа“, изјави Караџов, посочувајќи дека Бугарија може веднаш да започне со изградба на својот дел од Ѓуешево до границата – траса долга 2,4 километри – но вистинскиот почеток зависи од реализацијата на самиот тунел.


Министерот за регионален развој Иван Иванов ја подвлече важноста од забрзување на изградбата на Коридорот 8, оценувајќи го како проект од суштинско значење за економско и логистичко поврзување на регионот. Тој апелираше да не се изгуби фокусот врз ваквите стратешки иницијативи, и покрај секојдневните предизвици.

Одбранбениот аспект на проектот го истакна и министерот за одбрана Атанас Запријанов. Тој нагласи дека железничкото поврзување со Северна Македонија е дел од пошироката европска иницијатива за „Воена мобилност“, која се развива во рамките на НАТО и ЕУ. „Овој проект не само што ќе ја зголеми економската поврзаност, туку и безбедносната стабилност на регионот,“ изјави Запријанов.

Со овие пораки, Бугарија ја реафирмира својата подготвеност за продлабочување на регионалната соработка и инфраструктурна интеграција со Македонија, очекувајќи брза реакција од македонските власти за конечно отпочнување на реализацијата на овој важен проект.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна