Утрински Весник
Македонија

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Kristina sdsm 360.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега од оние коишто се директно одговорни по закон во делот на безбедноста а тоа се функционерите во МВР кои на денот на трагедијата биле на позиции, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360″.


-Има закони кои јасно ја пропишуваат одговорноста на функционерите во МВР и тоа функционери во различни делови и оддели на МВР, дали се тоа ОВР Кочани, СВР Штип, БЈБ, самото МВР, коишто морале да постапуваат вечерта кога се случила таа најголема и најстрашна трагедија од осамостојувањето до денес. А за коишто гледаме дека се исклучени и се уште се исклучени од истрагата, рече Костова.

Костова додаде, дека станува збор за лица, за началниците и за функционерите во различните структури на МВР актуелни на денот кога се случила несреќата, кои согласно своите работни активности одговорности и функции, коишто ги носеле имале одговорност. 

Mеѓудругото да направат план за постапување, за таков голем настан, имале одговорност и да го обезбедат настанот со соодветен број полицајци, но исто така, доколку постапеле согласно своите обврски, ќе имало присутна и противпожарна бригада и брза помош, со што голема веројатноста била да се намали размерот на оваа трагедија  па дури можеби да се спречи, да се спречи толку голем број загинати, 61 млад живот, додаде таа.

Костова потенцираше дека министерот Панче Тошковски од морални причини требало да поднесе оставка.

-Чесно ќе беше Тошковски истиот ден да си поднесе оставка како морален чин. Тошковски во сите овие денови седи во фотелјата на министер за внатрешни работи, ај што е најодговорен, но исто така во водењето на истрагата има можност да врши влијанија, да ја води истрагата во насоки, коишто можеби му одговараат, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360″.

Можете да прочитате

Се одложи рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ

Заврши снимањето на краткиот филм „Време на заедништво“ со Јасна Ѓуричиќ во една од улогиᴛᴇ

Исчезна момче од неготинско, семејството моли за помош!