Утрински Весник
Македонија

Студентите сè уште ги немаат добиено парите за електронски уреди, велат од Левица

Levica Logo Crveno Transparent.png

Шест месеци по најавата, студентите сè уште немаат добиено ниту денар од најавените ваучери за електронски уреди. Иако Владата вети 250 евра за сите студенти уште во октомври 2024 година, денес сред летен семестар нема ниту датум, ниту постапка, ниту одговори.

Најавата беше јасна, ветувањето громогласно, но реализација нула. Ова е класичен пример на политичка манипулација со младите. Се чини дека ваучерите се чуваат во фиока сè до пред избори, за да се пуштат како евтин предизборен поткуп. Студентите не смеат да бидат инструмент во партиски игри. Нивната доверба не е за продажба, а нивната иднина не смее да зависи од политички калкулации.


Парите се предвидени во Буџетот, но институциите молчат, а студентите остануваат без поддршката што им беше ветена.

Црвена младина бара итна објава на рокови и постапка за доделување на ваучерите, како и вклучување на студентските претставници во целиот процес. Младите не се бројки за статистика, туку луѓе кои заслужуваат одговорна и чесна политика.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека Гостивар пие загадена вода, ВМРО-ДПМНЕ со бизнис зделка од 100.000 евра за набавка на флаширана вода

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово