Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: Судскиот совет со блага казна за судијата кој му овозможил бегство на припадник на УЧК

20250414092336 big 730x400 31.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на Левица:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30% парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани.


„Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство”, истакна Мојсоска, саркастично додавајќи дека само во Македонија е можен куќен притвор за лице барано со потерница за воени злосторства да биде сместено кај роднина.

Таа потсети и на изјава на градоначалникот Арбен Таравари, дадена една недела пред бегството на Рамадани, со која, според неа, се потврдува дека станува збор за „политички протисок кон судството”.

Мојсоска ја искористи објавата и за да укаже на, како што вели, спорното минато на судијата Пајазити. Меѓу другото, го обвини дека ги пуштил во куќен притвор лицата вклучени во безбедносниот инцидент на скопскиот аеродром — меѓу кои, како што тврди, имало функционери на ДУИ — како и дека го спасил од затвор обвинителот Иџет Мемети, прифаќајќи спогодба под законскиот минимум за дело земање мито.

На крајот од својата реакција, Мојсоска го постави и прашањето за актуелната претседателка на Судскиот совет: „Весна Дамева од Судски Совет од кога е во ЗНАМ?!”

Оваа објава доаѓа во период на зголемена јавна критика кон правосудниот систем и неговата транспарентност и непристрасност.

Можете да прочитате

СДСМ: Дефокус – старата политика од кујните на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени