Утрински Весник
Македонија

Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан 

Sredba 1.jpg

Забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, се очекува со воспоставување на системот на едно застанување на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Р. Косово. Ова беа едни од суштинските теми на средбата одржана помеѓу директорот Бобан Николовски и косовската делегација предводена од директорот на Царинската управа на Косово, Агрон Лугалиу, заменикот министерот за финансии и труд Агон Добруна и директорот за Граници, Фахри Гаши.

Николовски воедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска изврши увид на состојбата на граничниот премин се со цел унапредување на мерките што се преземаат секојдневно за подобрување на контролата на секој влез и излез на патници и стоки.  


Граничниот премин Блаце – Елез Хан е еден од најфреквентните низ којшто на годишно ниво минуваат повеќе од четири милиони патници. 

Трговската размена со Косово минатата година изнесува 470 милиони евра. При тоа во просек на дневно ниво на овој премин минуваат над 500 камиони.

Годинава во првото тримесечје на овој премин поминале 48 илјади камиони од кои 27 илјади полни и 21 илјада празни камиони.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите наместа влажни

Кос: Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд