Утрински Весник
Македонија

Македонски тимови од СТЕМ Академијата учествуваат на натпревар во роботски спортови на грчкиот остров Крит

20250412075047 big 730x400 17.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска, организирани во тимовите „Space walkers“, „Space walkers Jr“ и „Space walkers girls“ и под менторство на двајца инструктори-тренери, ја застапуваат нашата држава на Олимпијадата.

Учениците се од СТЕМ Академијата, од каде што за МИА изјавија дека нашите екипи се натпреваруваат во најкомплицираната дисциплина петобој арена, каде што робот со автономно движење, за време од четири минути, треба да реализира задачи.


Олимпијадата официјално започна синоќа и ќе продолжи до 14 април, со учество на 50 држави и 1.800 тимови.

Минатиот викенд, ученици од СТЕМ академијата зедоа учество на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина, од каде што се вратија со пет признанија.

Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, се натпреваруваа во две категории, организирани во пет екипи, две во помлада и три во постара категорија, и имаа различни задачи и предизвици, за кои, со помош на роботиката со лего коцки, требаше да креираат решенија за задачи за опстанок на Марс.

Можете да прочитате

11 години затвор за моторџијата што прегази пешак на кејот на Вардар и побегна

Отворени граничните премини Евзони и Ники кон Грција

Алиу: До мај нов „смарт“ паркинг и катна гаража во Клиничкиот центар