Утрински Весник
Македонија

ИНРМ: Задолжително месечно читање на броилата и автоматска корекција на паушално изготвените сметки за струја

Struja Evn Merilo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нашата заложбата за фер, прецизен и недискриминаторски систем на наплата на електричната енергија продолжува на 11 април на состанокот со членовите на Регулаторната комисија за енергетика. До нив упативме наш предлог за измени на Правилата за снабдување со електрична енергија кој е резултат на конкретните приговори од граѓаните и потребата од системско решение без вршење на проценки, туку наплата според реално измерената потрошувачка, велат од ИНРМ(Инженери на Република Македонија).

Со нашиот предлог предвидуваме да нема сомнителни фактури базирани на „претпоставки“ туку да има редовно месечно читање на струјомерите и секој потрошувач да добива сметка според реалната, а не според некаква проценета потрошувачка. Во случаите кога не е прочитано броилото на време ЕВН да врши автоматска корекција на сметките без поднесување на приговори од страна на потрошувачите, се вели во соопштението.


Можете да прочитате

Загина 48-годишен возач, излетал од патот Кочани- Виница

Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

До понеделник стабилно време, од вторникт локален дожд