Утрински Весник
Македонија

Подготвен Предлог-законот за судска служба – донесување се очекува до јуни 2025 година

Whatsapp image 2025 04 11 at 10.55.01.jpeg

Министерството за правда го подготви Предлог-законот за судска служба, кој веќе е објавен на ЕНЕР и е отворен за јавни коментари. Согласно Реформската агенда, донесувањето на законот се очекува до јуни 2025 година.

Изработката на законот се темели на препораките содржани во домашни и меѓународни извештаи, како и во Стратегијата за човечки ресурси во судската служба. Целта е унапредување на статусот на судската служба и зајакнување на нејзината независност.


Една од клучните новини во Предлог-законот е изземањето на судските службеници од категоријата на административни службеници, со што се регулира нивниот правен статус и се признава спецификата на нивната улога во правосудниот систем.

Законот предвидува и воведување на систем за управување со ефектот на судските службеници, дефинирање работни цели и индивидуални планови за стручно усовршување, како и транспарентна постапка за оценување на ефективноста.

Дополнително, се интервенира во одредбите за висината на платите, со цел привлекување, мотивирање и задржување на стручни кадри во судската служба. Се предвидува и нов начин на регрутација преку ефикасни и транспарентни механизми.

Ова законско решение одговара на долгогодишните барања на синдикатите и претставува значаен чекор кон изградба на ефикасна, професионална и мотивирана судска служба, која ќе обезбедува висококвалитетни јавни услуги.

Граѓаните и заинтересираните страни имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии преку платформата ЕНЕР, пред законот да влезе во понатамошна процедура.

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ