Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ Прашајте си го Талат за Богојески

Vlen.webp.webp

Соопптение на Коалиција ВРЕДИ:

Коалицијата ВЛЕН има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски, кој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања. Јавноста го памети од поддржувач на СЈО, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист, ама на батерии.


Затоа, уште едно потценување на Албанците е кога ДУИ се обидува да пласира теза дека ЕУ интеграциите на Македонија наводно зависат од ваков лик. Прашањето е зошто ДУИ пред вака да се срами не го прашала Талат Џафери како Богојевски бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков? За разлика од ова изгубено опозициско раководство на ДУИ, ние не кукаме кога е тешко, туку се бориме системски да ги исправаме грешките.

Со сите пречки со кои се соочуваме и со последиците од криминалниот режим на Ахмети, Груби, Османи и нивните послушници кои ги наследивме, ние ќе го реформираме системот и ќе изградиме одржливи решенија за Албанците.

Можете да прочитате

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече! 

Уште едно возило опожарено синоќа во Скопје

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР поради пречекот на Ива Михајлова