Утрински Весник
Македонија

Становите во Скопје поскапени за речиси 20 проценти за разлика од лани

Zgrada Stanovi1.jpg

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.

Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Во вториот квартал од 2024 становите забалежаа поскапување за 11,5 проценти на годишно ниво и од 8,2 проценти на квартално ниво. Во третиот квартал лани растот на годишно ниво изнесуваше осум проценти, а на квартално имаше пад од 0,3 проценти, по што повторно следуваше раст во четвртиот квартал на квартално ниво за 3,3 проценти, а за 10,6 проценти на годишно ниво.


Индексот на цени на станови е изготвен од страна на НБРМ, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје.

Можете да прочитате

Муцунски: Претседателката на ДКСК треба да поднесе оставка, иако важи презумпцијата на невиност

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Бела пена и помор на риби повторно во Дојран?! (ВИДЕО)