Утрински Весник
Македонија

НИ СЕ ВРАЌА ПРОЛЕТТА: Температурите се повеќе ќе растат

Xx model en 355 0 modez 2025040812 120 954 293 crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски

По многу ладниот бран кој директно ни се спушти од Сибир и ни донесе невообичаено ниски температури за април, како и појава на снег на повеќе места низ Македонија (вклучувајќи ги и градовите), сега ни следува период на се потопло време, како преку ден, така  и во ноќните  и во утринските часови, што значи дека во постепен пораст ќе бидат  и минималните утрински, како и максималните дневни температури на воздухот.


Температурите наутро во следниот период веќе на повеќе места ќе бидат позитивни, со исклучок на повисоките населени места, како и на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките места, каде температурите  и понатаму ќе бидат негативни, односно за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури ќе бидат постепено пролетни, и во периодот кој што ни следува, тие на повеќе места ќе се искачуваат близу, па и околу 15 степоени, а на повеќе места тие ќе надминуваат  и 15 степени.

Во Повардарието, како и во југоисточните предели од нашата Македонија тие ќе се искачуваат до околу, па  и над 20 степени.

Да напоменам дека до сабота, особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено со брзина до околу 70 км/час). Во Скопје исто така повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, но ќе биде се потопло со температури кои полека ќе се приближуваат до околу 20 степени, а за време на викендот тие веќе треба да надминуваат и 20 степени.

Инаку, времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, локално повеќе облачност ќе има утре (четврток 10 април), како и (сабота 12 април) кога ќе има појава на локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи, додека на планините над 1700/1800 метри надморска височина ќе провејува снег.

Можете да прочитате

Муцунски: Посетата на ОАЕ носи конкретни бенефити за граѓаните

Николоски на средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала” од Абу Даби

Герасимовски и Перински на работна средба во Центар