Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет ќе реагирал ако имало пропусти за пресудата за Теодора

Sudski sovet mia.jpg

Судскиот совет побара увид во предметот за пресудата во врска со смртта на 22-годишната Теодора Ристовска која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово во 2022 година.

– Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме – изјави претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.


Неговата изјава следува откако претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски јавно побара од Судскиот совет да го разгледа работењето на тетовскиот судија Елведин Ферати, кој вчера го осуди обвинетиот Менсур Пајазити на две години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази 22-годишната Теодора.

Реагираше и министерот за правда Игор Филков, кој рече дека Судскиот совет е повикан да реагира за пресудата поради реакциите што во јавноста ги предизвика одлука на минимална затворска казна за смртно прегазената млада девојка.

Можете да прочитате

ИНРМ: Броилата мора да се видливи – ЕВН се соочува со казни до 3.000 евра

Зголемена фреквенција на ГП Табановце и Богородица

Македонија на удар на засилен топол бран од Африка: Температури до 40 степени!