Утрински Весник
Македонија

Таравари: Мицкоски е подготвен за уставни измени – чека гаранции од Брисел и Вашингтон

Img 6768.png

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека премиерот Христијан Мицкоски не поставува услови за уставните измени, туку бара гаранции од Брисел и Вашингтон дека тие ќе бидат последниот чекор пред членството во Европската Унија.

„Ме радува фактот што премиерот има одлични односи со САД и коректни односи со земјите од Европската Унија. Единственото барање од Мицкоски е гаранција дека ова ќе биде последниот услов за членство. Тој вели: ‘Да ги направиме уставните измени, бидејќи ги имаме бројките, но нивната примена да биде по влезот во ЕУ’“, изјави Таравари.


Во истиот контекст, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Брисел порача дека е подготвен да преземе целосна политичка одговорност за усвојување на уставните измени и отворање на преговарачките поглавја со ЕУ.

„Стојам на целосно располагање и подготвен сум да ја преземам политичката одговорност за да ги направиме уставните измени, па дури и по цена на мојата кариера“, изјави Филипче од конференцијата организирана од Програмата „Вили Брант“ и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите.

Можете да прочитате

“Системот заборава, но ние не забораваме” – нов протест во четврток

Судскиот совет ќе реагирал ако имало пропусти за пресудата за Теодора

Зелен хуман град со најава за мирен протестен марш за труењето од рудникот Тораница