Утрински Весник
Свет

Нетанјаху и Трамп во Белата куќа ќе разговараат за американските царини, Хамас, Иран…

20250407080300 big 730x400 39.webp.webp

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Двајцата лидери, исто така, се очекува да разговараат за заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, потенцијалните тензии меѓу Израел и Турција во Сирија и напорите за одвраќање на Иран.


Министерот за стратешки прашања Рон Дермер, исто така, отпатува за Вашингтон и ќе учествува на состаноци со високи претставници на Белата куќа, потврди за „Тајмс оф Израел“ член на придружбата на премиерот Нетанјаху.

Се очекува Нетанјаху да се сретне и со специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф и министерот за трговија Хауард Лутник.

Пред средбата Нетанјаху-Трамп, Здружението на израелски производители објави анализа во која предупредува на огромен потенцијален удар врз економијата од новите американски царини.

Според документот, израелскиот извоз во САД ќе биде погоден со царини од 2,3 милијарди долари, што би можело да остави без работа повеќе од 20.000 луѓе.

Можете да прочитате

Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти

Без збор, но со порака: Маск против тарифите на Трамп?

Израел во следните недели ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа