Утрински Весник
Скопје

Без електрична енергија утре ќе бидат неколку скопски населби

Struja 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел, Аеродром и Сопиште.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, утре од 08:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Кумановска“ во населбата 11-ти Октомври, а од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од населбата Момин Поток , поточно објектите во околината на зградата на МОТОЦЕНТАР.


Од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Бутелска“ – крак бр.2 и крак бр. 6, а од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од улиците „Горно Лисиче“ и „Лисец“.

Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Добридол, место викано Садиње, поточно после Домот за стари лица кај Панорама.

Можете да прочитате

Жичарницата на Водно затворена поради силен ветар

Ѓорѓиевски: Цементарница ,,Усје” не е единствениот проблем

До април Скопје добива 40 нови камиони за ,,Комунална хигиена”