Утрински Весник
Македонија

„Ваш профит, наши живот“ нов протест денеска во Кочани

Kocaniprotesti.jpeg

Под мотото „Ваш профит – наши животи“ денеска во.„Паркот на револуцијата“ во Кочани во 15:59 се одржа закажаниот протестен собир.

Присутните граѓани, меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа. Наместо говор, ипратија писмено известување до јавноста.


-И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот. Јавно демантираме дека закажаниот протестен марш со мото „Ваш профит – наши животи“ е марш само за обезбедувањето! Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели! Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за подршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови за обезбедувањето. Револтирани сме сите од овој гнил систем! Стоп за селективна правда, се наведува во писменото известување.

Организаторите на собирот нагласија дека дополнително, преку социјалните мрежи и со известување до медиумите, ќе информираат дали протестните маршеви ќе продолжат и во нареднте денови.

Можете да прочитате

Министерот Мисајловски заедно со генералот Лафчиски во посета на Командата за операции на македонската Армија

Давкова: Без Ромите нема успешна демократска македонска приказна 

Коњановски: Општина Битола ќе субвенционира хидрантска мрежа во зградите за поголема безбедност