
Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во 13:15 часот денеска на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, добиена била пријава за залутано лице на планината Кожуф, во близина на селото Мрежичко.
– Лицето било планинар од Скопје, кое претходната ноќ ја преспало во планината. Поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубило ориентација и решило да побара помош од службите, појаснуваат од ЦУК.
Надлежните биле информирани од страна на ЦУК.
Како што наведуваат од ЦУК, со брза и координирана интервенција дошло до успешно пронаоѓање на лицето.
Во потрагата, меѓу другите, вклучен бил и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев