Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

89259e9a a70e 766a 2e24 8cd7849887e5.jpg

Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди, Мицкоски рече дека во јавноста има многу информации, и ќе се воздржи од било какви коментари. 


– Само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово. 

Разбирам, рече Мицкоски, зошто е загриженоста на јавноста, но за разлика од минатото, мнозинството е стабилно. 

– За разлика од минатото, кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овојпат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи како што е досега, порача Мицкоски. 

Во однос на обвинувањата од ДУИ, Мицкоски порача дека „колку повеќе функционери од ДУИ се фатени во криминал додека ги вршеле функциите во минатото, толку повеќе ќе заострува нивната реторика “. 

– Работиме и докажавме дека работиме неселективно и така и ќе продолжиме. За оваа Влада, на сите речиси 26 илјади квадратни километри, секој еден квадратен километар е важен, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Без разлика, дале е градоначалник од Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ, или ДУИ, од СДСМ или некој независен, нашиот интерес се граѓаните, изјави Мицкоски.  

Изјавата на Али Ахмети дека Албанците во земјава биле деградирани, Мицкоски ја оцени како безпредметна, бидејќи, како што рече, оваа Влада има толку многу успеси за сите граѓани.

– Ние не ги делиме така граѓаните, имаме мултиетничко општество, кое што треба да го негуваме и треба во таа насока и да продолжиме. Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални, чесни и додаваат вредност, кои што ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и треба да одговраат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби, нагласи Мицкоски

Можете да прочитате

Таравари: Мицкоски е подготвен за уставни измени – чека гаранции од Брисел и Вашингтон

Мицкоски: Нашата визија не е Ромите да бидат толерирани или вклучени, туку да бидат рамноправни граѓани

Адеми за Груби: Немам поим каде е!