Утрински Весник
Свет

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Kursumi municija pistol bomba.jpg

Шведската полиција пронашла повеќе од 10 рачни гранати во ранецот на неименуван 15-годишник во Малме, кој бил уапсен заедно со уште две возрасни лица, објави денеска Афтонбладет.

По откривањето на бомбите во петокот околу 18 часот, полицијата опколи голем дел од квартот Вастра Хамнен и ги предупреди жителите да не излегуваат на своите балкони.


Националната екипа за бомби ги демонтирала рачните бомби, а околу 22 ч. полицијата соопшти дека веќе нема никаква опасност за јавноста.

Можете да прочитате

Федералниот апелационен суд пресуди во корист на Трамп за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес

Нетанјаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

Граната експлодираше во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Тел Авив, Чешка и Австралија привремено ги затворија амбасадите во Иран