Утрински Весник
Македонија

Јаневска: На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование

Janevska.webp.webp

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира.

За ова министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска информираше во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, потенцирајќи дека конкурсот е креиран во соработка со општините.


„Општините имаа обврска да направат анализа на пазарот на трудот и да го известат Министерството за образование и наука за кадарот кој им е потребен. Врз основа на тие информации го креиравме конкурсот, кој е објавен на нашата веб страна и во печатени медиуми“, рече Јаневска.

По однос на полагањето на државната матура, министерката информираше дека оваа година дел од учениците ќе полагаат во холовите и спортските сали во рамки на училиштата, а дел ќе полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети, заради поголема објективност на целиот процес.

Рече дека е неопходно да има растојание од 1,5 метар помеѓу учениците, апелирајќи до нив да не се вознемируваат од просторот каде ќе полагаат и да се фокусираат на подготовките.

Можете да прочитате

Маја Кадиевска Војновиќ влегува во Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Коцевски повика да пријави, Ѓорѓиевски веќе во контакт со Финансиска полиција

Голема акција во Скопје: Полицијата заплени марихуана, вага и илјадници евра!