Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Со законски измени и почитување на сообраќајните правила од сите, ќе имаме побезбеден сообраќај и побезбедни граѓани

1 34.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на јавната дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас” во Центарот за обука на МВР – Идризово, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје, .

Министерот Тошковски нагласи дека мора професионално да се пристапи кон соодветна измена на законската регулатива која во еден дел за жал не е соодветна со потребите коишто  ги имаме сите како граѓани.


„Само минатата година имаме околу 30 жртви пешаци и околу 140 жртви во сообраќајни незгоди ширум државата што се бројки многу над европскиот просек. Човековиот живот нема цена. Правилата на игра коишто ќе ги ставиме на хартија ќе мора доследно да ги почитуваме сите и преку правно процесирање низ институциите секој еден ќе сноси одговорност при нивно кршење, непочитување или неприменување.”, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски уште еднаш нагласи дека МВР интензивно работи на законски измени коишто би требало да имплементираат еден круцијален проект кој би требало да доведе до побезбедни улици, побезбеден сообраќај и побезбедни граѓани.

„Со имплементација на проектот „Безбеден град” во Скопје, Куманово и Тетово а потоа и на територија на цела држава, верувам дека во иднина ќе спасиме многу човечки животи коишто сме го губеле во минатото.”, нагласи на крај министерот Тошковски.

Можете да прочитате

“Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“, велат од Подружницата на Здружение на судии при Суд Тетово

Зајакнување на соработката помеѓу полицијата и обвинителството во Северна Македонија

Мисајловски на Денот за високи гости на вежбата „Seven Stars 25″: развојот на интероперабилноста во SEEBRIG значи побезбеден регион и посилна Алијанса