Утрински Весник
Македонија

До сабота (5 април) релативно топло, локален пороен дожд, грмежи и ветер!

Meteoalarm.mk 77.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

До сабота (5 април) во нашата Република Македонија продолжува периодот на релативно топло време и без некои поголеми температурни разлики во однос на оние кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, засилување на ветерот во зоната на нестабилнот и локална појава на грмежи. Не се исклучува можноста  и за појава на редок град.


Да напоменам дека за време на овој период, повремено, на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег.

И во Скопскиот регион продолжува релативно топлото време, но ќе биде повремено нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, засилување на ветерот во зоната на нестабилност, а има услови и за ретки грмежи.

Можете да прочитате

Покрената истрага за измами со „брзи кредити“

1001 сообраќајнa казна изречена вчера на територија на цела држава

Македонски Концепт реагира на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на д-р Петар Богојески