Утрински Весник
Македонија

Уништени домови, Поплавени дворови, подруми и гаражи под вода – Штети од поплавите во Студеничани, Кисела Вода и Аеродром

Otyljlilvt0f5rkftlg2.jpg
Dik 300x250 mk

Голема материјална штета по течението на Маркова река во општина Студеничане. Покрај ова село, поплавени беа и делови од село Студеничани, делови од населбата Кисела Вода и дел од населените места од Општина Аеродром.

Граѓаните чии домови беа зафатени од поплавата велат дека сами се труделе да спасат се што можат од надојдената река.


Мештаните обвинуваат дека пред секои избори добиваат само ветувања а потоа се заборавени и оставени сами на себе.

Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садики вели дека за да се спречат вакви поплави во иднина потребно е да се најде решение кое би вклучило уредување на речното користо.

Денеска состојбата изгледа стабилна, нивото на водата е намалено, реката се повлекува, додека голем број жители ги расчистуват поплавените подрачја.

ЦУК:
„Водостојот на Вардар е значително висок во текот на целото нејзино течение. Во текот на денот се очекува нивото да остане високо, особено во средните и долните делови на сливот, каде може да се помести водениот бран. Високо е и нивото на водата на Треска и кај селото Пласница можно е реката да се излее од коритото поплавувајќи ги околните ливади. Исто така, реката Струмица има висок водостој во текот на целиот тек. Поради врнежите во Косово, пораст на водостојот има и на Лепенец.

Центарот за управување со кризи ги предупредува граѓаните денеска да внимаваат кога се движат покрај реки и потоци.

Можете да прочитате

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

Приедени возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти