Утрински Весник
Македонија

Левица: Ја повикуваме власта веднаш да спроведе ветинг во МВР

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштене за јавност на Левица:

Последниот скандал со припадникот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, кој од просториите на СВР Велес изнел службени документи со доверлив карактер, е само уште една потврда за длабоко вкоренетата корупција во редовите на МВР. Ова не е изолиран инцидент, туку дел од поширок проблем што со години ја разорува безбедносната на државата.


Овој случај повторно сведочи за постоењето на “кртови” во полицијата, кои наместо да ја штитат безбедноста на граѓаните, соработуваат со криминални структури. Потсетуваме дека неодамна, кога Обвинителството се обидуваше да го разбие нарко-картелот „Грчец”, акцијата со кодно име „Планина” беше пробиена од корумпирани структури, овозможувајќи им на криминалните групи да се дадат во бегство.
Исто така, сѐ уште нема никаква информација за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој “исчезна” без никаква реакција од институциите. Владата останува немоќна или незаинтересирана да објасни како Груби навремено успеал да избега, што дополнително го засилува сомнежот за системско потпомагање на криминалот од највисоките ешалони на власта.

Дополнително загрижувачки е фактот што МВР обзнани за случајот со оддавање службена тајна дури откако јавноста и медиумите веќе го разоткрија, а дотогаш, немаше никаква трага ниту во Дневните билтени на МВР за обезбедувањето на Мицкоски.

Индикативно е и што функционери и од претходната и од сегашната власт не ретко се фотографирани во друштво со лица од криминалното подземје. Па така и актуелниот премиер Мицкоски е фотографиран на гоштевање во Грчец со нарко-босови, што фрла сериозна сенка врз кредибилитетот на институциите во борбата против организираниот криминал.

Дополнително сомневање предизвикува и фактот дека информациите биле изнесени токму од СВР Велес, каде претходно разоткривме сериозни случаи на роднинско влијание од министерот Тошковски. До нас постојано пристигнуваат нови информации за непотизам и злоупотреби во оваа институција, што укажува на систематско вградување на лојални кадри кои не одговараат на законот, туку на партиските и криминалните структури.

Доколку власта навистина сака да покаже дека правдата и безбедноста е над партиските и личните интереси, тогаш Левица ги повикува веднаш да пристапат кон ветинг во МВР. Само темелна проверка и чистење на редовите на полицијата може да ја врати довербата во институциите и да обезбеди ефикасна борба против криминалот.

Можете да прочитате

Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен

Касами: За Таравари нема место во Владата, но делот од Алијанса кој не се согласува со него може да остане