Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Еве каде низ Скопје утре ќе нема вода, а каде ќе нема струја

Skopjekej 1.jpg
300x250 opst2

Без вода во текот на утрешниот ден ќе останат корисници од општина Карпош, додека струја ќе немаат делови од општините Аеродром, Зелениково и Сопиште, соопшти вечерва Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Според известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, утре ќе се санира дефект на водоводна мрежа на улицата „Копенхагенска“, крстосница со „Стокхолмска“ во населба Тафталиџе.


Како што е најавено, од 11:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Копенхагенска“, „Стокхолмска“, „Софиска“, „Његошева“, „Гаврил Лесновски“ и „Петар Драганов“ во општина Карпош.

Од „ЕВН“ имало информација дека поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат корисници од три општини.

Во општина Аеродром, од осум до 15 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од село Долно Лисиче. Во истиот термин, електрична енергија ќе немаат и корисниците од објектите во околината на зградата на „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“.

Од девет до 16 часот, корисниците од селата Дејковец и Добрино во општина Зелениково.

Од девет до 12:00 часот, корисниците од дел од село Горно Соње, поточно улиците со број „10“ и „12“ во општина Сопиште.

Можете да прочитате

Шабан Салиу: Во Шуто Оризари ќе има социјални станови за ранливите семејства

ЈСП: Можни се отстапки од возниот ред – Добивме информации дека ќе има прекин на испораката на природен гас

Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!