Утрински Весник
Македонија

Зголемени платите на припадниците на МВР за 10%

Img 6279.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот Тошковски информира дека припадниците на Министерството за внатрешни работи денеска ја примија својата плата зголемена за 10%.

„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано.


Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните.

Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, порача Тошковски.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци